Донатор: Амбасадата на САД во Скопје
Времетраење: од 30.09.2024 до 30.09.2025
Генерална цел на проектот е да се намали врсничкото насилство меѓу младите.
Во рамките на генералната цел, предвидени се две специфични цели и тоа:
- да се намалат инцидентите на врсничко насилство меѓу младите во таргетирани средини особено во оние каде е присутно врсничко насилство на етничка основа и
- да се зголеми свеста помеѓу родителите и наставниците за важноста за спречување на врсничко насилство.
Во рамките на проектот ќе се реализираат следниве активности:
- Спроведување на интерактивни обуки со ученици во училиштата во соработка со јавни обвинители специјализирани за предмети поврзани со малолетничка деликвенција. Во рамките на оваа активност ќе се реализираат 9 обуки;
- Организирање на работилници за родители, наставници и стручен тим во училиштата со цел да се подигне свеста за врсничкото насилство со цел да се поддржат учениците кои се жртви на ваков вид на насилство;
- Создавање на едукативни материјали соодветни за возраста на учениците (памфлети);
- Кампања за подигање на свеста. Кампањата ќе биде лансирана на социјалните мрежи со цел да се подигне свеста за врсничкото насилството меѓу учениците во училиштата и надвор од нив. Инфографици, GIF-ови и другите визуелизации ќе се споделуваат преку платформите за социјални медиуми на ИЧП.