projects-bg

Тековни проекти

Примена на пристапот заснован на човекови права за време на Ковид-19 кризата

Донатор на проектот: Balkan Trust for Democracy, проект финансиран од German Marshall Fund на САД и УСАИД.

Времетраење на проектот: 1 април 2021 - 31 март 2022

Буџет24.980 $

Целта на овој проект е примена на пристапот заснован на човекови права за време на КОВИД-19 кризата со цел подобро да се анализираат и адресираат рестрикциите на човековите права кои се очекувани за време на пандемија. Примената на пристапот заснован на човекови права при реализирање на здравствените политики треба да придонесе кон заштита на основните човекови права поврзани со здравствената криза како што се: слободата на движење, правото на образование, право на пристап до информации, забрана за дискриминација и слично.

Активности во рамките на проектот:

  • Развивање на методологија за мониторирање на рестрикциите воведени за време на пандемијата преку најбитните столбови на пристапот заснован на човекови права (транспарентност, одговорност, недискриминација и учество).
  • Објавување на полугодишни извештаи како резултат на следени на рестрикциите воведени од Владата на РСМ и Министерството за здравство, а поврзани со пандемијата.
  • Дневно следење на активностите на Владата поврзани со КОВИД-19 како и поднесување на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер то релевантни институции.
  • Организирање на две фокус групи со претставници на НВО и маргинализирани групи во општеството
  • Комуникација со средни училишта на територијата на Град Скопје и споделување на искуствата на професорите и учениците од нивна перспектива како се справуваат со учењето на далечина како резултат на КОВИД-19 (преку доставување на прашалници)
  • Онлајн курс за примена на пристапот заснован на човекови права во рамките на Академијата за човекови права на ИЧП.
  • Подготовка на документ за јавни политики преку кој ќе бидат анализирани одлуките на извршната власт донесени за време на КОВИД-19 и рестрикциите врз човековите права
  • Објавување на инфографици и видео за значење на пристапот заснован на човекови права
  • Завршен онлајн настан со цел презентација на реализираните проектни активности и постигнати резултати.

Очекувани резултати:

  • Зголемена транспарентност и одговорност на владините политики во справување со КОВИД-19 и
  • Подигање на свеста за значењето на пристапот заснован на човекови права за време на здравствената криза.
project-img project-img
news-bg

Новости

post-img

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ 03/2021

Повик за доставување понуди за ангажирање на експерт за изготвување на прашалници за ученици и наставници во средните училишта на територијата на Град Скопје во врска со справување со последиците од учење на далечина како резултат на пандемијата

Повеќе
post-img

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ 02/2021

Повик за доставување понуди за ангажирање на фирма за изготвување на визуелни продукти и други елементи

Повеќе
post-img

ФОКУС ГРУПИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ПРИМЕНА НА ПРИСТАПОТ ЗАСНОВАН НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА ВРЕМЕ НА КОВИД-19 КРИЗАТА“

На 7 и 8 јули 2021 година, Институтот за човекови права одржа две онлајн фокус групи со претставници на граѓански организации кои работат со маргинализирани групи на граѓани.

Повеќе
post-img

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

Покана за доставување на понуди за ангажирање на двајца експерти за изготвување на курс за имплементација на пристапот заснован на човекови права за време на здравствената криза

Повеќе