Донатор: Германска амбасада во Скопје
Времетраење: од 15.04.2023 до 31.12.2023
Општата цел на проектот е да се подобри севкупниот систем за уставна заштита на човековите права и слободи како и да се зголеми јавниот интерес и знаењето за работата на Уставниот суд.
Проектот има 2 специфични цели и тоа:
- Да се зголеми знаењето и интересот на јавноста за уставните права и слободи и да се зголемат знаењата и вештините на правните професионалци, студентите и јавноста за расположливите механизми за заштита на човековите права и слободи пред Уставниот суд и
- Да се подобри уставниот механизам за заштита на човековите права и слободи врз основа на споредбени регионални и континентални искуства и најдобри практики.
Во рамките на проектот ќе се реализираат следниве активности:
- Подготовка на водич за поднесување иницијативи пред Уставниот суд;
- Пишување на лесно разбирлив илустриран Устав за ученици;
- Спроведување на истражување за конзистентноста на одлуките на Уставниот суд во однос на заштитата на човековите права;
- Јавна дебата за поттикнување дискусија за спроведената анализа на правните предизвици и можности за подобрување на уставната жалба;
- Подготовка на документ за јавни политики во однос на можноста за воведување на уставна жалба;
- Подготовка на онлајн курс за студенти по право и правни професионалци за достапните механизми за заштита на човековите права пред Уставниот суд;
- Организирање на онлајн средба со студенти од правните факултети со цел промоција на подготвениот онлајн курс;
- Студиска посета на Уставен суд од регионот со цел размена на добри искуства и практики; и
- Организирање на онлајн кампања за промоција на реализирани активности и постигнати резултати.