Период 01.01.2018 - 31.04.2021
Донатор: Европска Унија
Цел на проектот:
Основна цел на Проектот “Заедно во борба против корупција” е да придонесе за подршка и подобрување на капацитетите на граѓанскиот сектор за остварување на нивната улога на“ watchdogs“или контролор на работата на државните органи со цел законито и транспатрентно извршување на функцијата и за спречување на ризиците од корупција и злоупотреба на службената должност.
Специфична цел 1: Да се зголеми влијанието на новинарите, локалните здруженија на граѓани и медиумите во борбата против корупцијата, со посебен фокус на претставниците на етничките малцинства и на жените.
Специфична цел 2: Оваа цел е насочена кон континуирано следење на работата на Државното правобранителство во заштитата на државните средства и интереси, особено во административни и парнични постапки;
Специфична цел 3: Да се подигне свеста за проблемите со корупцијата преку лесно достапни медиуми;
Главни резултати:
Р1: Зајакнати капацитети на новинарите и граѓанските активисти, посебно претставниците на етничките малцинства во мониторирање и детектирање на корупција, како и известување за неа;
Р2: Подобрување на амбиентот во македонските национални телевизии за продукција и емитување на истражувачки стории;
Р3: Подобрена фактографска обработка на податоци кои покажуваат коруптивни практики на јавни функционери;
Р4: Зголемена продукција на истражувачки стории од страна на локални медиумски работници (новинари) во областа на (анти)корупцијата;
Р5: Зајакнати и препознатливи граѓански организации како кредибилни актери во процесите за борбата против корупцијата;
Р6: Подигната свест за коруптивни практики.
Целна група:
Истражувачки новинари, граѓанските организации, Државно правобранителство, Јавно обвинителство, Јавни функционери, Судство, Влада, Државна комисија за спречување на корупција, Агенција за катастер, јавноста, Биро за јавни набавки, медиуми, Централен регистар.
Корупцијата убива“ е насловот на проектот кој го спроведува Здружението за афирмација на мултимедијална уметност ИН-ВИ ИДЕА со седиште во Гостивар. Преку видео пораки и квалитетен истражувачки документарец овој проект има за цел да ја подигне јавната свест на граѓаните на Република Северна Македонија, особено на Полошкиот регион, за фаталните последици на корупцијата.
Проектот цели кон подигнување на јавната свест за ризиците од корупција преку иновативна алатка за самопроцена на личната отпорност на корупција.
Здружението на граѓани „Медиа плус“ работи на проектот „Подарок под рака“, чија цел е преку истражување на практиките на донирање, спонзорирање и соработка на компаниите со општините, сакаме јавно да укажеме на можни коруптивни делувања, со што делуваме во сузбивањето на корупцијата преку зголемување на свеста кај граѓаните. При тоа, истражувачкото новинарство е една од алатките за постигнување на целта.